Северина ќе цеди сокови за 50.000 евра
Славната хрватска секси дива Северина Вучковиќ ќе снима ново рекламно видео, а за само неколку минути уживање пред камерите ќе заработи дури 50.000 евра.
Откако на воодушевување на нејзините фанови лижеше сладолед за пари, хрватската пејачка ќе демонстрира како се цедат сокови. Таа е ангажирана да ја пренесе економско-пропагандната порака за еден мултипрактик-соковник и ќе се потруди и овојпат да остане на висина на задачата.
- Северина е голем професионалец и секој ангажман го сфаќа како голем предизвик, па така и во оваа реклама ќе ги покаже своите таленти. Актерството не и е страно, па така северина одлично се снаоѓа пред камерите и затоа не е чудо што компаниита сакаат да ја ангажираат да го претставува нивниот производ, велат извори за медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа