Тања Савиќ му сврте грб на оној кој најмногу и помогна?

Фолкерката Тања Савиќ се сврте против оној кој најмногу и помогна?!

Имено таа му го сврте грбот на еден од нејзините најголеми поддржувачи. Саша Поповиќ од самиот почеток на нејзината кариера и посветуваше најмногу внимание од сите ѕвезди на Гранд, а пејачката на крај му врати така што замина од продукцијата на крајно непрофесионален начин.

Минатата седмица во последен миг го откажа гостувањето на Гранд телевизија, а потоа одлучи со новата песна да учествува на Пинковиот музички фестивал, а не на Грандовиот.

- По раѓањето на вториот син Џорџ, Тања со сопругот живееше во Австралија, никаде не пееше и едвај сврзуваа крај со крај бидејќи ни на Душан работата не му одеше добро. Тогаш Поповиќ буквално секој месец и испраќаше финансиска помош по менаџерите. Кога сакаше да се врати во Србија сопругот тоа не и го дозволи, па буквално побегна од него без денар. Во тоа Саша повторно и помогна и во тајност и испрати пари за карта која чини преку 1.000 евра“, откри извор близок на пејачката.

10.11.2014 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега