Полицајците во Битола „демнат": Извршена контрола на 2.611 возила

 

СВР Битола во периодот од 3-ти до 9-ти ноември изврши сообраќајни контроли на вкупно 2.611 возила и притоа се констатирани 534 прекршоци.

Од секторот за односи со јавност при СВР Битола соопштуваат дека 32 возачи се затекнати под дејство на алкохол, а во 51 случај евидентирано е управување на возило без возачка дозвола.

Според билтенот на СВР Битола, возачите во 134 случаи ја пречекориле дозволената брзина, 20 возила биле технички неисправни, 46 нерегистрирани или со измината важност на сообраќајната дозвола, 43 погрешно паркирани, а во 42 случаи на бил користен сигурносен појас.

Меѓу 534-те сообраќајни прекршоци се и 7 за користење на мобилен телефон при управување со возило, 2 за недавање првенство на пешаци, а констатирани се и по еден случај на минување на црвено светло, недозволено престигнување и неотстапување на првенство на минување на возило.

Во текот  на измината седмица на територијата на СВР Битола се случиле 17 сообраќајни незгоди во кои 4 лица се здобиле со тешки и 7 лица со полесни телесни повреди, а во 8 сообраќајки предизвикана е материјална штета.

10.11.2014 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега