Знаете ли кои се најчестите сексуални фантазии на жените?

Копнеат по нежности со странец, сакаат романтична вечер помината на необично и возбудливо место, мечтаат да уживаат во погруб секс... Во продолжение дознајте кои се најчестите сексуални фантазии на жените.

Со оглед на тоа што станува збор за тема која отсекогаш била и ќе биде непресушен извор на дебати и анализи, научниците одлучија одново да се распрашаат за тоа кои се најчестите сексуални фантазии на припадничките на понежниот пол. 

Имено, најновата студија посветена на женските сексуални фантазии, објавена во “The Journal of Sexual Medicine”, покажува дека фантазиите кои некогаш биле дефинирани како “премногу екстремни”, денес всушност се прилично нормлни и вообичаени. 

Група на истражувачи од Универзитетот во Монтреал анкетирале 1.516 возрасни личности, понудувајќи им листа од 55 различни потенцијални сексуални фантазии, од секс со повеќе личности, до секс со различни објекти или на необични места. 

Во рамките наистражувањето, испитаниците го искажувале интензитетот на заинтересираност за секоја од наведените сексуални фантазии, истовремено добивајќи задача детално да ги опишат своите скриени желби поврзани со “играта помеѓу чаршафите”.

Речиси сите испитаници покажале заинтересираност за поголемиот дел од сексуалните фантазии наведени на списокот, што и не треба да зачудува, ако се има во предвид фактот дека луѓето кои се подготвени да учествуваат во вакви истражувања се и по природа поопуштени, барем кога станува збор за сексот. 

Резултатите од истражувањето покажале дека сепак, најпопуларна сексуална фантазија за припадниците на двата пола е сексот со емоции. Сексот на неочекувани и романтични места исто така бил рангиран високо на листата на секс фантазии кои ги негуваат луѓето.

Она што е можеби најинтересно е податокот дека дури 65% од жените изјавиле дека најмногу ги привлекува сексот во кој мажот доминира над нив и во кој тие се целосно покорени. Повеќе од 52% од жените истакнале дека копнеат по секс во кој ќе бидат врзувани, а дури 36% од припадничките изјавиле дека не би се спротивставиле на секс со камшикување. Околу 29% од жените пак копнеат да бидат приморани на секс. 
Интересно е да се забележи и дека речиси еднаков број на мажи во рамките на анкетата истакнале дека ги сакаат истите нешта по кои копнеат и припадничките на понежниот пол, што значи дека на нивната листа на “приоритетни секс фантазии” повеќе не се оралниот секс, вонбрачниот секс и сексот со повеќе жени. 

Уште еден особено интересен заклучок од спроведеното истражување е оној дека речиси половина од жените кои признале дека ги привлекува идејата за груб секс во кој мажот доминира на нив, всушност никогаш не би го исполниле овој свој копнеж во реалноста. Од другата страна, мажите се оние кои што се похрабри своите сексуални фантазии да ги спроведат на дело. 

Извор: Точка

11.11.2014 - 14:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега