Дочекана со прегратки - Елена ја донираше наградата

После победата во последната епизода од тлзп Елена пристигна во Домот за деца без родители 11 Октомври за да својата освоена награда ја донира таму каде таа недостига.

Елена пред да се омажи живеела во близината на Домот и како што вели си играла со децата секогаш, не правела воошто разлика меѓу нив. Често ги посетува и ден денес.

Влегувањето кај дечињата беше момент преполн со емоции. Од една страна насмевки од друга страна тага во очињата на децата. Големите научиле да се носат со недостигот од родителска грижа но малите се уште бараат некој на кого ќе се потпрат. Па најмалиот кој има само три години, се залепи за Елена уште од самиот почеток. Воспитувачките велат дека тоа го прави постојано, бара некого, бара љубов.

Елена со својата насмевка и позитивна енергија успеа да им донесе малку среќа повеќе со своето присуство отколку со 1000 евра. Парите ќе се потрошат, ова е многу малку вели нашата Џеј Ло но она што останува е подадената рака,  љубовта.

Заеднички одиграа и одпеа неколку песни од Елена, се потсетија на нејзините настапи во ТЛЗП. А она што заклучивме е дека среќата на овие лица е поголема од победите од освоените награди. Нивната насмевка е поголема од секој лош ден од секој лош коментар за Елена. Оти тоа што го имате на сцена е само шоу а овде е вистинскиот живот...

11.11.2014 - 17:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега