Куманово: Храбра продавачка исплаши вооружен насилник

Вистинско изненадување за еден вооружен разбојник. Вчера во 23:40 часот во Куманово, маскиран и вооружен разбојник влегол во маркетот „ТСД“,  и ја нападнал 45 годишната продавачка С.В. На изненадување на напаѓачот, продавачката не сакала да се предаде, го фатила за рацете, при што пиштолот на разбојникот испукал во правец на таванот. Крадецот се исплашил и побегнал од продавницата со празни раце.

Кумановската полиција извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.