Нина Јанева: Да го поддржиме сите Даниел

Сакам да ви се заблагодарам на целата поддршка која ми ја дадовте, на сите гласови, аплауз и овации. Секој изведувач живее за тоа задоволство, напиша на својот Фејсбук профил пејачката Нина Јанева.

Таа покажа дека е голем професионалец и добар колега, па иако и таа се бореше за настап на Евросонг, побара јавна поддршка за Даниел.

-Да го поддржиме сега сите Даниел успешно да се подготви за понатамошните обврски во Виена. Ви благодарам најмногу за ова чувство што го носам во себе, а најмногу на моето семејство, Давор Јордановски, Тони Михајловски, Дарко Димитров, пријателите, Студио Урбан Артист, колегите и мојата љубов Владимир кои ме трпеа месец дена, напиша Нина.

13.11.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега