И малолетници вмешани во мега скандалот на Скопкиот фестивал
Поголема група во која имало и голем број малолетници вчера завршила во полиција под сомнение дека го местела гласањето на изборот за македонски претставник за Евровизија. Како што веќе објави Press24 полицијата на неколку локации открила стотици преипејд картички за кои постои сомнеж дека се користеле за да се намести гласањето. Извршени се и претреси а во полиција се повикани повеќе лица.
Сите се сомничат за лажирање на начинот за избор на победник на скопскиот фестивал.
Од полицијата не откриваат дали местенката успеала и за кои учесници се гласало.
На фестивалот победи Даниел Кајмакоски со скоро 6 пати повеќе гласови од телевоутингот од останатите. За победата инкасираше 20.000 евра.
Втора по којзнае кој пат беше Тамара која беше прв избор на стручното жири, но тоа не беше доволно за да замине за Виена. Како утеха, дома си замина побогата за 15.000 евра.
Третопласираната Еге освои 10.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа