Домашно гиро

·  300 гр. брашно

·  150 мл. вода

·  5 лажици масло

·  1 мала лажица сув квасец

·  1 мала лажица пециво

·  1 лажичка сол

·  1 лажичка шеќер

·  За премачкување

·  250 гр. сирење

·  150 гр. кисели краставички

·  150 гр. мајонез

·  100 мл. павлака

·  За полнење

·  800 гр. свинско месо

1. Прво се подготвува тестото. Во подлабок сад се става брашно, квасец, сол, шеќер, пециво и масло. Се замесува меко тесто и се остава да кисне околу 20 мин.
2. Откако е готово тестото, се расукува и се дели на 4 дела. Од секој дел се сучи кора, која се пржи во поголема количина загреано масло
3. Во друг сад се ренда сирењето и киселите краставички и во нив се додава мајонезот и павлаката. Со оваа крем смеса се премачкуваат гиро-лепчињата
4. Месото се сече на тенки ленти, се зачинува по вкус и се пржи на грил тава со малку свинска маст
5. На крај се витка гирото и како прилог може пржени компирчиња и чаша црвено вино


13.11.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега