ФОТО: Вистинскиот „волк“ од Волстрит, за секс со оваа жена платил 52 милиони долари

За Бен Лорело се вели дека живее живот како оној на „волкот„ од Волстрит, но една негова сексуална авантура многу скапо го чинела.

 

На својата поранешна девојка и платил 52 милиони долари отштета бидејќи и пренел кламидија.

 

Наводно поради оваа сексуално пренослива болест неговата девојка Лори Шликус останала стерилна.

Бен ја запознал Лори во 1995 година и набргу почнале да живеат заедно. Таа тврди дека Бен барал од неа да ја напушти својата работа и да почне да живее заедно со него во пентхаус во Њујорк, а тој да и дава месечен џепарлак.

Година дена подоцна Лори добила кламидија, наводно поради тоа што Бен постојано ја изневерувал.

 

Иако мислела дека ќе помине само со уринарна инфекција, Лори останала стерилна. Поради тоа таа го тужела.

14.11.2014 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега