Околу 20.000 демонстранти на 41-годишнината од протестите во Атина

Најмалку 20.000 луѓе денеска учествуваа во мирните демонстрации во Атина, со која беше одбележена 41-годишнината од студентскиот протест против тогашната диктатура во земјата.

Собирот пред Амбасадата на САД го обезбедуваа околу 7.000 полицајци, за да се спречат евентуалните судири кои ги имаше минатите години.

На студентските протести во 1973 година против диктатурата, полицијата и војската отворија оган врз демонстрантите и граѓаните. Режимот падна следната година.

Демонстрантите првично протестираа поради поддршката на САД на диктатурата која беше на власт од 1967 до 1974 година, тие последните години протестираат и поради владините мерки за штедење.

17.11.2014 - 20:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега