Американското знаме запалено на протести во Атина

 

Група на демонстранти вчера вечер пред амбасадата на САД во Атина го запалиле американското знаме. Протестот бил одржан поради одбележување на 41-годишнина од студентските протести против тогашната диктатура во земјата.

Во немирите пред американската амбасада биле повредени пет полицајци, а биле уапсени седум демонстранти. Полицијата употребила солзавец и шок бомби.

Собирот бил посетен од околку 20 000 демонстанти и  обезбедуван од околку илјада полицајци.

Протестот завршил мирно.

18.11.2014 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега