Разрешен случајот - сопружници го убиле момчето од Горно Оризари

По осум месеци полицијата го расветли убиството на 33 годишниот Бајро Ибрахимовиќ од селото Горно Оризари во велешко. Станува збор за брачна двојка од Горно Оризари кој се претпоставува дека убиството го извршиле во напуштена куќа во близина на Велес каде и било пронајдено телото.

Полициските служби по направениот претрес во неколку куќи, открила оружје и докази кои посочија дека убијците се 32 годишен маж и неговата 33 годишна жена, која била соучесник во злосторството. 

Истрагата покажала дека тие биле негови пријатели, но засега мотивите за извршеното злосторство не се познати. 

Телото на убиениот било откриено на 11 април годинава во една напуштена и во фаза на распаѓање куќа во близина на Дорутовец. 

Полицијата открила дека грозоморниот настан се случил на 24 март кога во главата на убиениот бил истрелан еден куршум. Сега таа поднесе кривични пријави за убиство и помагање во убиство. 

18.11.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега