Ммм... Мафини со кокос

Подгответе вкусни мафини со кокос за вашето семејство и вашите најблиски. 

Состојки:

 

150 гр. шеќер

120 гр. путер

2 јајца

300 гр. брашно

100 гр. кокосово брашно

250 мл. млеко

Кора од еден лимон

2 лажици какао

1 лажица бадемово масло

Прашок за печиво

Ванилин шеќер

50 гр. кокос

 

Приготвување:

Во посебен сад матете ги путерот и шеќерот со миксер и постепено додавајте ги јајцата едно по едно. Во оваа смеса додајте го прашокот за пециво, брашното, кокосовото брашно, кората од лимон, бадемовото масло, какаото и млекото, па мешајте се додека смесата не се соедини.

Ваа приготвената смеса сипете ја во калап за мафини кој претходно сте го намрсиле со путер. Печете на температура од 180 степени Целзиусови околу 30-тина минути.

Извадете ги мафините од рерна, послужете ги во чинија за сервирање и врз нив поросете кокос

Извор: Убавина и здравје

18.11.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега