Прилеп во црно - погребана Дениса Маркоска

Со тага и болка денеска во Прилеп, е погребана Дениса Маркоска.

Канал 5 објави дека телото на Дениса доцна синоќа беше донесен во домот на нејзините родители. Веднаш по објавувањето на резултатите од повторната обдукција и ДНК анализата направени во Институтот за судска медицина со кои  беа симнати сите сомнежи и потврдено дека станува збор за 23 годишната девојка  која  на почетокот од октомври  беше пронајдено во близина на грчкиот остров Карпатос.

Најблиските роднини и пријатели на семејството Маркоски, уште вчера,по официјалната потврда од  судска медицина беа  во нивниот дом.

18.11.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега