Во првата половина од годинава Абанија ја посетиле милион туристи

Само во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над милион туристи, што споредено со лани истиот период претставува раст од 24 отсто, јави дописникот на МИА од Тирана.

Ова го потврди албанската министерка за урбан развој и туризам, Енглантина Ѓермени, искажувајќи оптимнизам дека до крајот на годинава планираната бројка од над два милиони туристи ќе биде надмината.

- Она што паѓа во очи е значителниот раст на бројот на туристите од Полска, со околу 14.000, скандинавските земји, со околу 12.000 и Велика Британија со околу 27.000 посетители. Наша цел е препознавање на Албанија како туристичка дестинација, изјавила Ѓермени.

Најпосетени се Драч, Валона, Саранда, Химара и секако Шенѓин, каде климатските услови се идентични со оние во црногорското летувалиште Улцињ.

Според неа, во соработка со Министерството за транспорт се прават напори за зголемување на директните летови не само за време на летната сезона, како и отпочнување на летови на нискобуџетски компании. Таа најави дека владата прави напори за отворање на уште еден аеродром.

- Растот на директните странски инвестиции во туризмот, подобрувањето на туристичката инфраструктура и подигањето на повисоко ниво на услугите, се интегрален дел од серијата политики и законски иницијативи кои во континуитет се превземаат во функција на туризмот, изјавила Ѓермени.

18.11.2014 - 18:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега