Мекиќ го прегазил Иван пред Католичка - идентитетот откриен кривична се уште нема

Џипот „фолксваген туарег“ со кој дваесетгодишниот Џенис Мекиќ од село Батинци го усмрти средношколецот Иван Белински (16) во саботата, кај Kатоличката црква во Скопје, не бил сопственост на возачот, јави „Дневник“.

Како што јавува весникот, возилото не е сопственост ниту на неговата фамилија. Полицијата, по наредба на Јавното обвинителство, не дава информации чиј е џипот, односно кој му го дал на неискусниот возач да го управува. Од Јавното обвинителство не добивме одговор до каде е истрагата, односно првични информации со која брзина се движел „туарегот“ и дали малолетникот бил на пешачкиот премин во моментот кога бил удрен. 

- Во врска со немилиот настан во кој што беше прегазен малолетник ве известуваме дека Обвинителството продолжува со активности за прибирање на докази и утврдување на причините на несреќата. Во интерес на истрагата ОЈО не може да споделува детали за настанот - велат од Обвинителството.

Четири дена по трагичната сообраќајната несреќа Обвинителството се уште не поднело кривична пријава против возачот, иако станува збор за сообраќајна несреќа со последица смрт, а нема одговор ниту зошто досега не е поднесена.

Од МВР велат дека истрагата е во тек и оти работат по насоки што им ги дава Обвинителството. 

- Земени се урина и крв од возачот, се разговара со очевидци и очекуваме во најскоро време да бидат утврдени причините за сообраќајната несреќа - велат од МВР. 

 

Возачот Џенис Мекиќ не бил возач-почетник, иако имал возачка дозвола само два месеца повеќе од предвидениот законски рок во кој не би смеел да го управува џипот „фолксваген таурег“. Пред последните измени на Законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата, возач-почетник беше секој возач до 21 година. 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега