Големо невреме ја зафати Албанија: Три лица загинаа во поплави
Три жртви однесе големо невреме кое синоќа ја зафати речиси целата територија на Албанија. Невремето предизвика и материјални штети и недостиг на електрична енергија.
Како што јавува допсникот на МИА надојдената вода на патот кај влезот во градот Лач однела возило во кои патувале татко и ќерка. Загинатиот маж од возилото, каде бил заглавен, го извадиле пожарникари, додека безживотното тело на неговата ќерка било пронајдено утрово на неколку километри од инцидентот.
Третата жртва е момче од селото Скурај кај Курбин, кое го однела надојдена река откако се утнал мостот по кој тој минувал со мотоцикл.
Улиците во Тирана, Драч, Скадар и други градови наликуваа на реки, но засега нема информации за други жртви. Повеќе албански министри во текот на ноќта ги псоетија најзагрозените подрачја, а активирани се и сите противпожарни единици, штабовите за справување со природни непогоди и војската.
Силното невреме, проследено со обилни дождови, елктронски празнења и силни ветрови, предивика големи бранови на приморјето, поради што беше попречено одвивањето на поморскиот сообраќај.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа