Трикови: Како можете да заштедите на бензин

Иако цената на бензинот во псоледните неколку недели се намалува пред се поради поевтинувањето на нафтата на светските пазаро, сепак трошоците за гориво се уште се главен дел од буџетот на Македонците. Ова се неколку совети како да ги намалите:

1. Патувајте помалку
Се разбира, најлесниот начин да заштедите гориво е да го замените патувањето со автомобил или да го намалите на минимум. Користете градски превоз до работа, ако имате таква можност. Така,покрај пари за гориво, може да заштедите и време. Утринскиот метеж е се почеста појава, веќе не само во главниот град, но и во останатите големи градови. Можете да комбинирате да патувате со колега и така да ја намалите потрошувачката на половина.

2. Избегнувајте ги часовите со гужва во сообраќај
Ако патувате во часовите наутро и навечер кога има најголем метеж, освен што губите време и нерви во гужвата, се зголемува сериозно и потрошувачката на гориво. Ако излезете половина час порано за работа на пример, (со цел да избегнете најфрекфентниот сообраќај), покрај сето друго можете и да се тонизирате со едно кафе пред да започне вашиот презафатен работен ден. Истото важи и за вечерниот сообраќај. Можете да одите половина час подоцна, а ќе стигнете дома во исто време бидејќи сте избегнале преголем сообраќај.

3. Комбинирајте го своето патување со други активности
Ако треба да земете член од семејството од работа, од училиште или од градинка, во тоа време може да завршите и други работи како на пример да пазарувате. Ако подобро планирате, освен што ќе заштедиме време, ќе заштедите и потрошувачка на гориво.

4. Не носете непотребни работи во багажникот
Може да ви се чини удобно да ги носите топките за куглање или теговите во багажникот, но тоа дефинитивно не е добро за потрошувачката на на гориво. Според експертите 100 килограми во багажникот ја зголемуваат потрошувачката на гориво во просек со 0,3 литри на 100 км.

5. Давајте гас непречено, префрлувајте брзини на пониски вртежи
Совршен начин да се патува е со 90 километри на час. Се разбира, во градски услови тоа е невозможно. Можно е сепак да забрзувате непречено и да не притискате na педалот за гас со повеќе од една третина од неговиот потег. Новите автомобили овозможуваат да се префрлува брзинa на пониски вртежи, што исто така штеди гориво.

6.Редовно проверувајте гуми, држете гo возилото технички исправно
Меките гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво. Малку повеќе притисок во гумите од препорачаното од производителот, исто така може да има големо влијание. Оптималниот притисок сепак не треба да е над 0,5 бари, бидејќи може да има негативен ефект. Од значење е редовна промена на маслото и воздушните филтри.

7.Инсталирајте систем старт-стоп
Други можности е возилото да има автоматски систем старт-стоп, која некои производители ја нудат за околу 200 евра. Автомобилот се исклучува автоматски кога запира на црвено. Кога ќе притиснете гас, автомобилот автоматски се пали. Според инженерите од Берлин, трошоците за инсталирање на системот се околу 250 евра, но тоа може да ве спаси до еден литар при градско возење.

8. Исклучете клима, кога не ви е потребена
Кога во возилото не е топло или ладно, можете да исклучите клима. Идејата таа да работи и да одржува еднаква температура во возилото може и да е примамливо, но има своја цена.

Извор: Економски.мк

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа