Хрватска со нов претседател во новата година

Портпаролот на хрватската влада Никола Јелиќ, денес потврдил дека претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 28 декември. Официјалната одлука ќе биде донесена на утрешната владина седница.

Доколку дојде до втор круг од изборите, истиот ќе се одржи на 11 јануари следната година.

Кандидатите за шестите по ред претседателски избори можат да ги предлагаат политичките партии регистрирани во земјата, една или повеќе политички партии заедно, како и граѓаните. Без разлика на тоа кој го предлага претседателскиот кандидат, мора да бидат собрани најмалку 10.000 потписи од гласачите кои ја поддржуваат неговата кандидатура.

Покрај актуелниот шеф на државата Иво Јосиповиќ, кандидатури досега најавија и Колинда Грабар Китаровиќ, Милан Кујунџиќ, Иван Грубишиќ, Анто Ѓапиќ и Иван Руде.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега