Милан Бандиќ ќе биде ослободен ако ја плати кауцијата во готовина

 

 

Вонсудскиот совет на загрепскиот Жупаниски суд ја прифати кауцијата на притворениот градоначалник Милан Бандиќу и на останатите притворени во аферата „Аграм“, но од затворот „Реметинец“ денеска ќе излезат само оние кои кауцијата ќе ја платат веднаш и во готовина, што во случајот на Бандиќ ќе изнесува рекордни 15 милиони куни (околу два милиона евра).

Осомничените кои кауцијата ќе ја уплатат во текот на денот ќе бидат доведени пред истражниот судија Зденка Посавец, за да докажат дека на сметката на судот ги уплатиле парите, но и да ветат дека на слобода ќе бидат внимателни.

 

Во случајот на Бандиќ, меѓу другото, тоа ќе значи и дека тој ќе мора да се откаже од вршење на функцијата градоначалник на Загреб, на која беше избран на минатогодишните избори, пренесува Хина.

 

Оние кои кауцијата нема да ја уплатат во готовина или место пари сакаат да заложат недвижнина, исто така, ќе мораат пред истажниот судија, но тој во тој случај ќе одлучува за продолжување на истражниот затвор, што завршува денеска.

 

Според неофицијални информации, иако за да се брани од слобода Бандиќ понудил недвижности во вредност поголема од 22 милиони куни, судијата заклучил дека 15 милиони куни, во готовина, се доволна гаранција дека Бандиќ во текот на истрагата нема да влијае врз сведоците или дека ќе го повтори кривичното дело.

За разлика од Бандиќ, на кого му се прифати кауцијата помала од понудената, истражниот судија за останатите во аферата „Аграм“ ги зголеми износите кои мораат да ги уплатат на сметката на судот пред излегување од затворот „Реметинец“.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 16:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега