Условите на ДУИ

ДУИ се откажа од својата одлука за преиспитување на учеството во Владата после шест месеци ако земјата не стане членка на НАТО. Вицепремиерот Муса Џафери рече дека не е во ред да се поставуваат ултиматуми за вака сложени проблеми. Џафери вели дека сега се јасни пречките за членство на Македонија во НАТО, објави Алсат.

– Ваквите чувствителни прашања кои имаат регионално и европско влијание, но и пошироко, не може да се условуваат со еден, пет или шест месеци. Ние консеквентно сме се определиле и работиме на ова прашање. Ние сите јавно ги знаеме пречките за членство на Македонија во НАТО. Не би било во корист за ова прашање ако ние го условуваме само со месеци – рече Џафери.

Прашан дали нов договор меѓу коалиционите партнери за членство на Македонија во НАТО би предизвикало предвремени парламентарни избори, Џафери рече дека предвремените парламентарни избори на се во корист на Македонија.

Во мај оваа година ДУИ излезе со услов дека ако земјата стане членка на НАТО за шест месеци, односно на самитот во септември, тогаш тие ќе го признаат легитимитетот на претседателот Иванов. Исто така на партискиот конгрес, самиот лидер на ДУИ, Али Ахмети рече дека во интерес на членството на Македонија во НАТО, ДУИ се откажа и од Албанскиот јазик. Сепак, сега ДУИ признава дека поставените услови не важат кога станува збор за големи политики.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 22:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега