ФОТО: Андреј од ДНК ја покажа девојката

Андреј од "ДНК" конечно ја покажа саканата. Станува збор за Наталија, со која е заедно веќе една година. Дека навистина е заљубен потврди и тој и откри дека откако се појавила таа во неговиот живот, тој се потсмирил и за прв пат после долго време повторно е среќен и исполнет, пишува ВЕЧЕР.

 

Наталија е скромна девојка, која не сака многу да се експонира во јавноста. Токму поради тоа долго време ја криевме нашата врска и не зборував за неа. Среќен сум, ме исполнува, потсмирен сум, не излегувам, уживам во друштвото со неа и мислам дека таа е вистинската", рече Андреј.

 

Двојката се запознала сосема случајно и спонтано. Најпрвин се дружеле, а потоа пријателството прераснало во љубов, која уште трае.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега