ФОТО: Неверојатна сличност- Ријана има двојничка

Не смее да излезе од својот дом, поради обожавателите кои ја следат во чекор.

Студентката од Бостон, Анеделе Лара, живее живот кој е се само обичен не. Имено, таа не може да излезе од својата куќа, а да не ја следи одушевено вриштење од обожавателите на популарната пејачка Ријана.

22 годишната студентка неверојатно наликува на познатата пејачка, а цртите на лицата речиси им се идентични. Во прилог на ова е и фактот што Анделе многу се труди да ги следи сите новини на Ријана и да ја копира, од шминка, фризура и боја на коса. А, има и причина за тоа. Познати компании често ја бараат за да ги рекламира нивните производи.

Со оглед на тоа што за рекламните кампањи Анделе добива вртоглави хонорари, таа веќе почна сериозно да размислува да го напушти факултетот и да стане професионална двојничка на славната Рири.

- Јас никогаш не сум помислила дека изгледам како Ријана. Гледам некои заеднички црти, но не како што тоа го гледаат другите.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега