Харис Џиновиќ: Посреќен сум откако се оженив

Фолкерот Харис Џиновиќ пред извесно време изјави дека ужива во бракот. Покрај жирирањето во „Ѕвездите на Пинк“ овие денови е преоптоварен со обврските околу двата концерти кои ќе ги одржи со Ана Бекута и Шабан Шаулиќ.

Со семејството живеам на релација Белград – Париз. Во Франција сум пријавен и таму плаќам данок. Моментално сум во Белград поради работни обврски, изјави Харис, додавајќи дека откако се оженил чувствува поголемо задоволство во животот.

- Бракот има своја тежина. Сега сѐ е посериозно, но јас се чувствувам многу посреќно. Сепак бракот е нешто посебно.

 

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 09:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега