Цеца во шок: Згрозена сум од лагите кои ги измислуваат за мојот Аркан

Веднаш по објавувањето на приказната на Босанката М.М(42) од Бијелине, која тврди дека во 1992 година била робинка на Аркан, неговата вдовица  Цеца Рањатовиќ за српски Ало вели дека е згрозена од „ големата количина на гнасни и брутални лаги кои се кажани“ кои не се ни за филм од трети ред. Босанката опишала до детал наводно ѕверското малтретирање која била изложена додека била во заробеништво.

На нејзините наводи реагирала Аркановата вдовица која вели дека позади ова стои голема пропаганда која со години се води против нашата земја и народ. 

- Згорзена сум од количината на грди и брутални лаги кои се кажани. Очигледно е дека позади ова стои некаква пропаганда против Србија, рекла за Ало, Цеца Рањатовиќ.

- Ако таа жена дожвеала нешто од тоа нека се види и нека се утврди кој е одговорен и нека одговара за тоа, но тоа  мој Жељко не го има сторено.

Таа вели многумина можат да потврдат дека Аркан во Сараево не се задржуваше подолго од три дена,тие наводи на извесната М.М не можат да бидат точни. 

Арканиот кум и политичар Борислав Пелевиќ рекол за српски Ало вели дека ова не е прв пат да се зборуваат такви работи за гардистите.

- Не можам повеќе да коментирам такви глупости, рекол  Пелевиќ кој вчера беше во странство.

На овој линк можете да ја прочитате страшната иповед на Босанката М.М 

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега