Лоша проценка на докторите ќе однесеше млад живот во смрт

Зоран СТанковиќ, 49-годишниот Србин кој се обиде да ја убие 28-годишната љубовница Александра Лазиќ, па изврши самоубиство, во саботата поради лоша процена на лекарите бил пуштен од Психијатриската болница во Смедерево, по што го извршил грозоморното дело. 

Тој, како што пренесува српскиот Курир, во болницата бил примен на 13 октомври, а откако лекарите процениле дека не е опасен по околината, во саботата го пуштиле на викенд. 

- Во саботата беше пуштен на продолжен викенд. Од евиденцијата и прегледите лекарите заклучија дека не е опасен и нема психички проблеми. Ништо не укажувало на тоа дека некому ќе му пука во глава, па ќе се самоубие, вели извро.

Девојката во која пукаше Зоран и понатаму се бори за живот.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега