Грција во криза, но богатите стануваат се побројни

Бројот на најбогатите Грци од минатата до оваа година се зголемил од 505 на 565 лица, покажуваат податоците од истражувачката компанија Wealth-X.

Бројот на најбогатите луѓе во Грција уште повеќе се зголемил и покрај тоа што земјата се бори повторно да се стабилизира поради кризата.

Вкупната финансиска состојба на најбогатите 565 Грци изнесува 70 милијарди долари и се зголемила за 16,7 отсто во споредба со 2013 година.

Во извештајот на компанијата се наведува дека само оваа година во списокот на најбогатите во светот се приклучиле нови 12.040 лица, со што нивниот вкупен број се зголемил за рекордни 211.275 лица.

Нивното вкупно богатство изнесува 29,7 билиони долари. 

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега