"Го соблекоа гол и го тепаа" - малолетник преживува тортура од соучениците

Рамиза Рустиќ од Србија, мајка на малолетно детенце, преживела вистински хорор откако нејзиното дете се запишало во ново училиште. Таа тврди дека откако нејзиното дете во септември стапнало во новото училиште, секојдневно трпи тортура од другите деца.

- Моето дете го нападнале во соблекувалната, го соблекле гол и го тепале со четка за чистење ВЦ школка, вели мајката која е во шок. 

Таа тврди дека нејзиното дете секој ден е малтретирано, но молчи бидејќи како што вели е културно и воспитано дете.

- Откако се преселивме моравме да го смениме и училиштето. Од старт не ми го прифатија детето. Добро е што ме исконтактира познаник па дознав што се случува, вели таа за српскиот Ало.

Од друга страна, директорот на школото вели дека ученикот е проблематичен и прв ги почнува тепачките.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега