И ги објавил секс-фотографиите на Инстаграм па ја претепал - хорор за скопјанка

Полицијата до надлежното ОЈО со кривична пријава го предаде 19-годишниот А.Ш.  кој сторил кривично дело уцена и злоупотреба на лични податоци. Пријавениот кој претходно бил во љубовна врска со девојката, на 13 овој месец и се заканил дека доколку не му даде парични средства во висина од 5.000 денари ќе објави фотографии со копромитирачка содржина на социјалната мрежа “Instagram” кои ги направил при сексуален чин помеѓу нив. Истиот ден, пријавениот го отворил Инстаграмот без нејзина согласност и користејќи лични податоци од оштетената на лажниот профил поставил дел од нејзина фотографија направена при сексуален чин.

Кога девојката дознала дека А.Ш. отворил лажен „Instagram“ профил и поседува нејзини компромитирачки фотографии, се сретнала со него при што истиот физички ја нападнал, задавајки и удари во пределот на лицето и повторно и се заканил дека ќе ги објави фотографиите и видео клиповите со компромитирачка содржина доколку не му даде 5.000 денари.

Пријавениот на 14 овој месец по претходно телефонско јавување и упатени сериозни закани, од оштетената земал 3000 денари, по што повторно физички ја нападнал.

По превземени дејствија од страна Алфите пријавениот е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Кисела Вода заедно со уште едно лице кое било со пријавениот при извршување на кривичните дела. Во ПС ОН Кисела Вода на пријавениот му е извршен преглед при што се пронајдени парични средства и мобилен телефон и истите се одземени, а врз основа на дадена усна наредба од судија за претходна постапка од ОСС Скопје 1 извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени и одземени еден компјутер и повеќе ЦД дискови.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега