Ѓукановиќ: Проширувањето на ЕУ треба да биде на партнерска основа

 

Процесот на проширување и преговори со ЕУ треба да се базира на партнерска основа, бидејќи во спротивно би можел да се третира како анексија, изјави синоќа црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

- Процесот на проширување и преговори е партнерски процес и секој мора одговорно да ја понесе својата партнерска улога во него, потенцира Ѓукановиќ во интервју за Радио телевизија Црна Гора.

Според него, доколку во текот на тој процес не се воспостават партнерски односи, тогаш „би можело да се каже дека тоа е еднострана одлука која попрво би можела да се нарече анексија, отколку доброволно партнерство од заеднички интерес, кое е дефинирано со преговори“. 

- Тоа во најголема мерка зависи од земјата за која претпоставуваме дека сериозно ја дефинирала својата цел дека сака да биде дел од ЕУ, која води политика што се базира на зачувување на своето национално достоинство и која сака да биде рамноправен партнер, нагласи Ѓукановиќ.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега