Македонците со поголем “алат“ од Грците- просек 13,98 сантиметри!

Македонците имаат помали пениси од Србите и Хрватите, но можат да се пофалат со поголеми алати од Грците, па дури и од извиканите љубовници - Италијанците. Ако веруваме на истражувачката агенција Таргет мап, просечниот Македонец има пенис со должина од 13,98 сантиметри, исто со просекот во Турција. Во споредба со останатите земји во светот, ние сме на златната средина.  

Во регионот, подобри од нас се Словенците со 14,01 сантиметар, Хрватите со 14,77 сантиметри, потоа Србите со 14,87 а мажите во БиХ можат да се пофалат со питони долги 15,65 сантиметри!

На прво место во Европа по должината на пениси се Унгарците кои во просек имаат 16,51, но се многу далеку до светскиот шампион Демократска Република Конго со речиси 18 сантиметри во просек (17,93). На второ место се мажите од Еквадор со 17,77 сантиметри, трето место посилниот пол од централноафриканската република Конго - Бразавил со 17,33 сантиметри.

Најмали пениси на светот имаат мажите од Непал со 9,30 сантиметри, а едноцифрена гордост има и посилниот пол во Тајланд 9,43. На трето место на оваа табела се наоѓаат и Јужнокореанците со 9,66 сантиметри.

Истражувањето и статистиката може да се види на веб страницата: http://www.everyoneweb.com/worldpenissize

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега