Што ќе се случува во следната емисија на ТЛЗП?

Судејќи по добиените задачи, следната недела, повторно не очекува одлично шоу на сцената на „Твоето лице звучи познато“

Нашата Елена Ристеска ја чека повторно тешка задача- ќе треба да ја имитира легендарната Есма Реџепова. Ништо помалку тежок настап ќе има и Катарина Богичевиќ која ќе ја имитира Јосипа Лисац.

Драган Коиќ Кеба како задача за наредната недела има да го имитира Шабан Бајрамовиќ, а додека Ненад Окановиќ ќе биде во улога на фронтменот на групата Нирвана, покојниот Курт Кобејн.

Добрите другари и колеги, Тања Савиќ и Бане Моичевиќ ќе се најдат во улога нанекој од култниот филм Зона Замфирова.

Интересна имитација се очекува и од Ивана Јевтовиќ, која ќе се најде во улога на Мерилин Монро.

Неда Украден повторно ќе се најде во улога на една дама, овој пат тоа ќе биде Тина Тарнер. Глумицата Јелена Гавриловиќ пак, доби задача да ја имитира Пинк.

Победникот од последната епизода на ТЛЗП, Чипи, во наредната ќе биде еден од членовите на групата Милиграм.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 19:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега