Зетот ги застрелал родителите на својата сопруга - нови детали за тројното убиство во пробиштипско

Двајца мажи и една жена се убиени утринава во пробиштипско Злетово.

Според неофицијалните информации, зет со огнено оружје ги застрелал родителите на сопругата и уште едно машко лице.

Во моментов се извршува увид, па полицијата повеќе детали се очекува да соопшти во текот на денот.

Убиецот е во бегство и полициски екипи трагаат по него. Идентитетот на жртвите и мотивот за убиството засега не се познати.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега