„Не можев да се одвојам од мртвиот син“ - мајката на Немања не може да се помири со суровата судбина

„Немања ми рече дека ќе оди да се види со девојката и тоа е последниот пат кога го видов и го слушнав. Утрото, кога станав гледав телевизија и видов вест дека тројца млади лица загинале кога BMW влетало во Дунав, а не се посомневав дека меѓу нив е и мојот Немања“, ова го кажала мајката за српски Ало. 

Помислила на јадните родители на тие деца. Не ни насетив дека мојот син бил токму во тој автомобил и чекав да ми се јави. Се подготвив и тргнав на работа, но среде улица ме сретнаа другарите на Немања и ми кажаа дека тој погинал. Сега го видов во судската медицина и за последен пат го прегрнав и го бакна. Не можев да се одвојам од него, раскажува мајката на младиот ватерполист.

Таа додала дека е лута на полицијата која до ден денеска полицијата не и соопштила дека нејзиниот син загина. спрема зборовите на другарите Анастасија и Немања, тие биле во долга врска. 

- Сигурно знам дека Милош не е на сила ставен во багажот, туку тој доброволно го направил тоа, бидејчи сите му биле пријатели. Не знам како понатаму ќе живееме без Немања, Милош и Анастасија, но знам дека на  Милица, Лука и Душан уште повече им е тешко бидејќи тие беа во автомобилот во моментот кога другарите загинаа, рекол за Ало еден од заедничките другари.

 

 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега