Миленикот на жените е насилник

Актерот Мехмет Акиф Алакурт, кој го толкува ликот на заводникот Боран-ага во серијата „Сила“, во реалниот живот е насилник за кој се вели дека има навистина меко срце.

Серијата го освои Балканот и срцата на милиони обожаватели, но животот на актерите кои ги толкуваат главните ликови се разликува во реалноста.

Мехмет има 34 години, а во реалниот живот го бие глас дека е грубијан и насилник, а Џансу Дере, убавата Сила, е навистина несреќна во љубовта.

На снимањето на серијата неговиот карактер неколкупати излетувал на виделина.

Тој реагирал бурно во одредени случаи, а наводно во една прилика ја нападнал костимографката, која пријавила во полиција.

Исто така, заводникот Боран-ага се степал и со обезбедувањето на сцената, а верувале или не, најмногу го нервирала Џансу.

Иако гледачите навиваа актерите љубовта од малите екрани да ја пренесат во реалниот живот, тоа никогаш не се случи.

-Џансу не е личност со која приватно би се дружел. Не си одговараме карактерно, па затоа не можеме да бидеме пријатели. Две години поминавме заедно на снимање, а и таму не се сложувавме. Не верувам дека некогаш повторно ќе работам со неа, изјавил Мехмет за новинарите.

Популарниот Боран-ага бил свршен со колешка од „Сила“, односно Лејла Башак, која ја толкува улогата на неговата покојна жена Језда.

Тие две години биле во врска, а раскинале затоа што Лејла не можела да ги трпи ставовите на Мехмет.

Актерот и во приватниот живот строго ги почитува семејните традиции и обичаи, па сакал неговата жена да биде домаќинка, секогаш да го пречекува на врата, макар и кога ќе доаѓа дома среде ноќ.

Џансу, односно Сила, во реалниот живот нема среќа во љубовта. Таа била изневерена и оставена од неколку партнери, иако е поранешна мис Турција и важи за една од најубавите жени во земјата.

Таа била во врска со претседателот на управниот одбор на една телевизиска куќа, кој бил задолжен токму за серијата „Величествениот“.

Тој специјално за неа ја измислил улогата на Фирузе, која ја толкуваше Џансу, лик кој воопшто не ни постоел во историјата.

Оваа одлука ја разбранувала јавноста во Турција, па тој морал да „го убие“ ликот на Фирузе.

 

Во последно време, се зборува дека е во врска со актерот кој го толкува Езел во истоимената серија.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега