И тоа го има- Србинка докторираше на тема порнографија

30- годишната Милица Вучуровиќ од Србија е можеби единствената девојка која докторирала на необична тема Порнографија. 

- Заеднички именител на сите тие содржини, а во текот на пет години собирање податоци прегледав повеќе од 400 сајтови и 6.000 тагови, е некој облик на насилство. Тоа е мојот главен впечаток – раскажува Милица Вучуровиќ за Блиц, пренесува ПлусИнфо.

 

На филозофскиот факултет во Белград минатата година Милица го одбранила пионерскиот труд на тема „Категоризација на порнографски видео-исечоци на интернет: когнитивно-антрополошки пристап“.

- Следев кој гледа и како ги коментира порно-содржините. Го запишував бројот на „лајкови“, бројот на прегледи, ги анализирав коментарите и категориите.

Еден од заклучоците кој ме изненади е дека точката на пресекот на сите најгледани содржини е сумирана во категоријата војска бидејќи тука се сублимира доминација, униформа, понижување, насилство и моќ над животот и смртта - раскажува таа.

Потполно посебна категорија на порнографски содржина се геј клиповите. Логично би било да се претпостави дека ги следат најмногу луѓе со истополова сексуална ориентација. Меѓутоа, не е така.

- Секс помеѓу двајца мажи најчесто гледаат жените, а лезбијските оргии мажите. Секс меѓу личности кои потсетуваат на млади момчиња гледаат главно жените – објаснува Милица.

Нејзиниот заклучок е дека порнографските содржини на интернет се огромно надкултурно творештво кое ние, луѓето, сме го направиле за кратко време, а не сме ниту свесни дека тоа творештво многу влијае на нас.

Тоа творештво одамна излегло од контрола.

Секое дете пред компјутер може да лаже дека има повеќе од 18 години. Вистинска цензура нема и е невозможна, а полицијата ја гони само педофилијата.

Најпосетени категории:

 

1. Сексуални техники (анален, орален, брутален секс)
2. Сексуални фантазии (млада мајка, учителка, стјуардеса)
3. Сексуално насилство (садомазохизам, силување, понижување, доминација)
4. Сексуален орган (голем пенис, големи гради, вагини по „фризура“ и раса)

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега