Возачот кој однесе два живота во смрт урлал во полициската станица

Резултатите од анализите покажуваат дека 19-годишниот Душан Јовановиќ кој го возел БМВ-то со кое однесе два млади живота во смрт, не бил под дејство на наркотици. Тој на сослушувањето во полиција признал дека седнал зад воланот пијан и без возачка дозвола. Исто така, тој возел само два три пати претходно и тоа низ град. 

Тој како што дознава српскиот Курир, во полициската станица целиот се тресел и бил во шок. Вриштел и урлал во текот на целата вечер, па полициските службеници неколку пати морале да го смируваат. Меѓутоа, на сослушувањето се смирил и одговарал смирено и трезвено.

Автомобилот со шест млади лица падна во Дунав во петокот во 3 часот и 50 минути.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 14:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега