И во тешките моменти Брена мисли на сиромашните

Српската пејачка Лепа Брена овие денови поминува низ тежок период од нејзиниот живот, поради смрта на својата мајка Ифета, но кога и е најтешко таа сепак помислува на најзагрозените.

Имено, мајката на Брена почина на денот на славата Архангел Михаил, а тој ден во нејзината куќа пристигна кетеринг за 150 луѓе кои биле повикани да дојдат на куќната слава. Веднаш на своите пријатели кои без до неа им рекла дека големата количина на храна да ја поделат со бездомниците кои немаат основни услови за живот.

- Иако е надвор од себе поради губитокот на својата мајка, Брена и во овие тешки моменти мислеше на најзагрозените. Веднаш штом се прибра од големиот шок, Брена смогна снага па на најблските рекла дека храната, слатките и пијалокот и се друго што било подготвено за тој свет ден да се подели со сиромашните. Храната е поделена на повеќе локации, вели изворот кој е упатен во ситуацијата. 

 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега