МАРС: Бадриќ во дует со Кајмакоски, Маровиќ сака македонско државјанство

Изведувачите на најголемите македонски хитови од годинава, вечер ќе настапат на една сцена.

 

Седмото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2014 вечерва во 20:30 часот ќе се одржи во Универзална сала – Скопје.

 

Ѕвездите специјални гости веќе пристигнаа во Македонија. Нина Бадриќ и Бојан Маровиќ ја искажаа својата благодарност што ќе добијат награда во земјата која ја почитуваат и сакаат.

-Имаме навистина селекција која ќе биде достојна манифестација со вакво реноме. Се потрудивме да имаме селекција и гласање на над 42 радиостаници кои ја сочинуваат таа македонска музичка мрежа. Се потрудивме жирито самостојно и објективно да ги даде своите гласови. Кој ќе ги добие наградите, ќе видите вечерва, рече Антонио Димитриевски.

Нина откри дека вечерва ќе настапи заедно со Даниел Кајмакоски.

-Тој беше наш гостин во Хрватска, во Сплит на една легендарна манифестација која ја слави работата на еден познат композитор. Два-три месеци пеевме заедно една негова песна се вика „Еден од многуте“. Тоа вечерва ќе го повториме на МАРС и ќе ми биде задоволство, рече Нина.

Бојан Маровиќ, како што самиот рече за себе, беше мрзоволен како вистински Црногорец. Среќен е што вечерва ќе настапи пред публиката која ја сака. Често има настапи ширум Македонија, па направи шега на таа “сметка“.

 

-Мене тука и државјанство можат да ми дадат. Кога би дозволувале тројно државјанство јас би имал и повеќе. Мојот прв солистички концерт беше во Скопје, од срце ви се заблагодарувам. Првите работи кои се случуваат секогаш се помнат, рече Маровиќ.

А вечерва....

За Апсолутен радиски хит ќе биде прогласена песната која се најде на најголем број на листи со највртени македонски хитови испратени од вкупниот број ( над 40) радостаници од цела Македонија. Нејзиниот изведувач добива плус парична награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт.

За категоријата Најдобар текст на песна од 15-те финални песни како и секоја година гласаат новинарите од печатените медиуми и интернет портали кои ја третираат естрадата, и македонската забавна музика. Авторот на текстот на песната добива парична награда од 10.000 денари, а песната ќе биде изведена на МАРС 2014.

За Радиски хит во 2014 год. според Изборот на фановите ( публиката) ќе биде проглсена една од 10-те финалнопласирани песни  за која фановите на Фан Страницата на МАРС 2014 на Фејсбук ќе кликнат најмногу лајкови почнувајќи од денес во наредните 14 дена. Песната ќе биде изведена на МАРС 2014, а нејзиниот изведувач добива парична награда од 30.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт.

МАРС 2014 ќе биде директно пренесуван на првиот канал на националниот РТВ сервис – МТВ со почеток во 20:30 часот, а водители ќе бидат Марија Петровска од најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ и Ване Марковски, радиоводителот на емисијата „Мак сцена“ на националната радио мрежа, Радио Слободна Македонија. 

На финалната вечер ќе настапат следните изведувачи кои и ќе ги понесат наградите:

 ТАМАРА – Тажна љубов, среќна песна

ДИМИТАР АНДОНОВСКИ – Само тоа го можеш ти

 НОКАУТ – Добро утро, будење

 ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ – Мандарина

САРА МЕЈС – Врне, врне

БЕТА ХАУС – Емили

 ВИКТОРИЈА ЛОБА & ДЕКСО – Само мој

TYZEE – Дома си е дома

КРИСТИНА АРНАУДОВА – Земи ме

   БИБА ДОДЕВА – Врати се

  Специјалните  гости:  Даниел Кајмакоски, Бојан Маровиќ, Нина Бадриќ

 

Македонскиот радиски фестивал и годинава останува да биде завршна годишна манифестација која ги потенцира, вреднува, наградува и валоризира најпопуларните македонски забавни песни во македонскиот радиоетер. Фестивалска смотра која претставува ревија на ѕвезди и парада на нивните хитови или со еден збор, МАРС е македонскиот музички ол старс.  

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега