ФОТО: Како Џенифер Анистон ја исмеа Ким Кардашиан?

Популарната актерка Џенифер Анистон со балони наместо гради позираше во шоуто на Елен Деџенерис, исмејувајќи ја славната старлета Ким Кардашиан.

 

Ова е мојата верзија од Ким - рече Џенифер во шоуто на нејзината блиска пријателка Елен, која пак беше позагрижена дали навреме ќе дознае за венчавката на Џенифер и Џастин, која се држи во тајност! 

 

- Знам дека ќе разберам кога ќе биде венчавката но се е толку тајно. Никој од твоите пријатели уште не знае, да не се случи кога ќе дознаат да биде доцна па да не бидат во градот? 

Џенифер само се согласи дека се уште никој не знае кога ќе биде венчавката и пак не откри ништо повеќе.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 15:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега