ВИДЕО: Победничката имитација на Есма Реџепова во хрватската верзија на ТЛЗП

Раперот Давид Вурдеља, од познатото хрватско хипхоп-дуо „Болесна браќа“ победи во осмата епизода на „Твоето лице звучи познато“ во Хрватска, во улога на Есма Реџепова.

 

Тастерот посака Елена Ристеска следната недела да биде нашата кралица на ромската музика, Есма Реџепова. Имајќи предвид дека Елена со голема сериозност пристапува кон сите улоги и максимално се вложува во истите, со сигурност ќе не очекува уште еден одличен настап, кој најверојатно ќе не насмее со солзи.

 

 

Како ќе изгледа Елена како Есма, останува да почекаме до недела, а до тогаш тука можете да ја погледнете победничката имитација на Есма Реџепова во хрватското ТЛЗП.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега