Хорор: Србин си ја заклал сопругата во Полска

Страшно убиство денеска ја потресе Полска. Муслиман од Србија 32-годишниот Фехмин.В. ја заклал својата сопруга 28-годишната Камила.В., и повеќепати со нож ја бодел по телото.

Фехмин по убиството планирал да избега од Полска, но бил уапсен од страна на полицијата во Краков. Во себе имал авионски билет за Виена.

Како што пренесуваат полските медиуми Фехмин и Камила се запознале преку интернет, веднаш започнале заеднички живот, се венчале и добиле син.

Но, како што изјавиле нивни познаници, среќата на Камила и Фехмин не траела долго. По свадбата Фехмин почнал да го покажува своето вистинско лице, и забранувал на Камила да излегува и ја третирал како негова сопственост. Таа решила да го прекине бракот и го избркала од станот во којшто живееле.

Фехмин се иселил но набрзо се вратил и ја заклал несреќната жена.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 18:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега