ФОТО: Ливче со кое можел да ја затвори обложувалницата

На социјалните мрежи кружи обложувачко ливче, добитно се разбира, но поради малата уплата човекот имаше скромна добивка.

Сопственикот на ливчето типувал дека Порто ќе го совлада БАТЕ со тоа што на полувремето ќе биде нерешено, потоа дека Рома ќе води на полувремето против ЦСКА Москва, но на крајот мечот ќе заврши со реми и типувал дека Барса во вториот дел ќе биде подобра од АПОЕЛ.

Најдобриот тим, кој секако беше со најголем коефисиент и го прави ливчето да биде „лудо“ е оној за мечот Манчестер Сити – Баерн Минхен. Ова лице типувало дека германскиот тим ќе води на полувремето, а потоа Сити со пресврт во вториот дел ќе го добие мечот, што секако се случи.

Сопственикот на ливчето уплатил само 20 фенинзи ( 1 конвертибилна марка = 30 денари) и добил 828 конвертибилни марки. Вкупниот коефициент изнесувал 4143. Замислете да уплатил барем 10 конвертибилни марки.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега