Починатиот актер Робин Вилијамс е најбарана славна личност на интернет

Прв на листата за најбарани славни личности на интернет за 2014 година која ја објави списанието „Hollywood Reporter“ е починатиот актер Робин Вилијамс.

Листата е составена врз основа на пребарувањето на 100 милиони корисници од целиот свет во периодот од 1 јануари до 15 ноември годинава.

Втора на листата на магазинот „ Hollywood Reporter“ е Оскаровката Џенифер Лоренс, а трет е сопругот на Бијонсе продуцентот и рапер Џеј З. Тој доби голема популарност откако на интернет се појави видеото од неговата тепачка во лифт со сестрата на Бијонсе Соланж. 

На четвртото место на оваа листа е американската старлета Ким Кардашиан, веднаш зад неа е комичарката Џоан Риверс.

Меѓу десетте најбарани славни личности на интернет се и рагбистот Реј Рајс, кој стана популарен откако ја злоставуваше својата девојка, по него е холивудската убавица Анџелина Џоли , а последните три места во елитната топ десетка ги пополнуваат Рене Зелвегер, Кејт Мидлтон и Дерек Џетер.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега