Не прашувам уште колку ќе живеам- се огласи фолк пејачката

Босанската фолк пејачка Азра Колаковиќ, или во јавноста позната како Дона Арес, со месеци се бори со страшната болест, а фановите, пријателите и оние кои боледуваат од рак, секојдневно ги известува за нејзината состојба. Битката со ракот почнува од оној момент кога ќе го избркате стравот, истакнува таа.

 

- Не прашувам уште колку ќе живеам. А оние кои се болни секогаш знаат што треба да кажат. Колку има уште циклуси пред нив, колку болат венит додека да се стави иглата, колку е тешко да се изгуби косата, трепките… отворено вели таа.

 

Пејачката која јавно зборува за нејзината борба за да им помогне на другите заболени луѓе, открива како се чувствува деновиве.

 

- Најпрво се појави необичен замор. Едноставно бев уморна, сѐ ми беше тешко. Таков колапс на сопственото тело, губење на контролата над него, навистина ме преплаши. Но, сознанието дека ја имам една од најлошите болести на светот не ме покоси толку. Размислував: Ок Азра, ете тоа е рак и ќе се соочам со него, но зошто сега? Баш зборувавме како ќе се преселмие, се беше заокружено. Збогум Босна, Мајорка и Германија ги ширам рацете, но нема, изјавила пејачката.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега