Падна седмица на Лото во Битола - среќникот зема рекордна сума

Вечерашното  95 коло на Новолото кое се емитуваше на Сител Телевизија,  уште еднаш внесе многу возбуда кај играчите, посебно кај еден од нив.  Имено, ова коло  донесе нов  среќен добитник на премијата 7ка.

Kомпјутерскиoот систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена во продажното место ДООЕЛ- 15ка-88  во Битола. 

Добитната комбинација во ова коло е : 1, 4, 5, 16, 19, 22, 30 и дополнителен број 25.

Само за потсетување ова е трета премија 7ка во текот на годинава. Претходно 47то коло на Новолото емитувано на 11.06.14 му донесе среќа на добитник со уплата во Скопски Хиподром, а  18тото коло емитувано на 01.03.14 од 20ч. на Сител телевизија ги донесе среќните 7 бројки кои интензивно ги посакуваат сите наши играчи како прва седумка оваа година.

Според статистиките на Државна лотарија на  Македонија ова беше рекордна вредност на најпосакуваната премија 7ка вредна над 365 илјади евра или фантастични 22.601.966,50 денари.

Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 21:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега