Вечна љубов: Во брак се неверојатни 89 години

Карам и Картари Чанд заедно имаат 211 години, а во брак се „цела вечност“ – неверојатни 89 години и веројатно се најстариот брачен пар во светот.

 

Тие се венчале во Индија во декември 1925 година, кога се уште биле сосема млади, речиси деца. Овој брачен пар кој денес живее во Бредфорд, на северот од Англија, има осум деца, 27 внучиња и многу правнуци.

Минатата сабота ги прославиле своите родендени – тој својот 109-ти, а таа нејзиниот 102-ри роденден, опкружени со бројните роднини, од кои многумина дошле дури од Индија.

„Тоа беше специјален ден за семејството. Многу бевме среќни што се собравме“, изјавил за Daily Mail нивниот син Пол Чанд.

На прашањето која е тајната на долговечноста на неговите родители, Пол кратко одоговрил “Животот без стрес и нервози“.

„Јадам што и да посакам, но умерено. Никогаш не сум престанал да уживам во животот“, кажал Карам кој пуши по една цигара дневно и пие чашка алкохол три пати неделно.

„Проживеавме убав живот. Секогаш бевме заедно, посветени на семејството. Тоа е навистина едноставно“, заклучил овој стогодишник.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 22:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега