Монструми: Двајца тинејџери силувале баба со дршка од метла, умрела во најголеми маки

Никола Стојков (19) и Јован Стојков Мојиќ (18), двајцата од Нови Бечеј се уапсени под сомнение дека ноќта меѓу 20 и 21 ноември, силувале и брутално ја убиле 88-годишната Анѓелка Азиуцки во нејзината куќа во тој град.

И го унаказиле телото

-Манијаците упаднале во куќата на речиси неподвижната старица. Ја претуриле целата куќа во потрага по пари и накит, а потоа навалиле на бабата, која имала едвај 40 килограми и боледувала од епилепсија. Ја тепале со се што им дошло под рака, ја удирале по главата и телото. Беспомошната старица немала никакви шанси да се обрани - велат извори од истрагата.

Тинејџерите потоа ја грабнале бабата и ја силувале со дршка од метла.

-Не паметиме ваков случај. Никола ја држел Анѓелка, а Јован ја силувал и за злоставувал. Несреќната старица умрела во најтешки маки, велат од полиција.

Не нашле пари

 

Монструмите по изживувањето побегнале со автомобил.

-Не однесоа ни динар, зошто жртвата нема пара. Дршката од метлата ја зеле со себе за да ја фрлат во трските. Со обдукција е утврдено дека на Анџелќа и го искинале црниот дроб, цревата и белите дробови - велат од полиција.

 

Роднина на осомничениот Јован кој го познава и другиот осомнилен Никола вели дека најверојатно биле многу пијани штом го направиле тоа.

-Никола и Јован при здрав разум никогаш не би го направиле тоа - ги брани Далибор Милиќев.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 22:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега