Не можам повеќе да издржам, пукнав- се отвори Тања Савиќ

Пред неколку недели, српската фолк пејачка Тања Савиќ западна во војна со медиумите поради нејзините изјави во кои погрешно се изјаснила.

 

По изјавата дека многу новинари клечеле пред неа за интервју, медиумите секојдневно објавуваат негативни приказни за неа, па така сега Тања сака смирување и сфатила дека ја изгубила војната со медиумите.

 

 

- Вртам нов лист. Не можам никако да победам. Признавам дека доживеав пораз од медиумите, тешко ми е деновиве, плачам… Жив човек сум, не можам да издржам, веќе пукнав. Не се изразив убаво, кажав жолт печат. Не мислев на сите, туку на одредени медиуми. На некои новинарчиња кои ме нервираат. Не мислев на уредниците и на сите медиуми… Во крајна линија мое е да пеам, не да зборувам. Ќе снимам песна, па ќе направиме некоја најава за спот во некое кафуле за да се дружиме и смириме, кажала Тања.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега